Nokia 6303i Classic - Bluetooth безжична технологија

background image

Bluetooth безжична технологија

Со Bluetooth безжичната технологија можете да го поврзете Вашиот уред,

користејќи радио бранови, со некој компатибилен Bluetooth уред во рамките на 10

метри (32 стапки).
Одберете

Мени

>

Прилагодувања

>

Конективност

>

Bluetooth

.

Овој уред е во согласност со Bluetooth спецификацијата 2,1 + EDR што ги поддржува

следниве профили: SIM пристап, префрлање објекти, пренос на датотеки,

слушалки, handsfree, генерички пристап, сериски порт, генеричка размена на

објекти, dial-up мрежа, ID на уред, пристап до именик, услуга на апликација за

откривање, напредна дистрибуција на аудио, аудио видео далечинска контрола,

и генеричка аудио/видео дистрибуција . За да осигурате интеропратибилност

помеѓу другите уреди што поддржуваат Bluetooth технологија, користете додатоци

за овој модел што се одобрени од Nokia. Проверете со производителите на другите

уреди за да ја утврдите нивната компатибилност со овој уред.
Функциите кои што користат Bluetooth технологија ја зголемуваат побарувачката

на енергија од батеријата и го намалуваат животниот век на батеријата.
Поставување Bluetooth врска

1 Одберете

Име на мојот телеф.

и внесете име за Вашиот уред.

2 За да ја активирате Bluetooth конективноста, одберете

Bluetooth

>

Вклучи

.

покажува дека Bluetooth конективноста е активна.

3 За да го поврзете Вашиот уред со аудио додаток, одберете

Повр. се со аудио

до.

и додатокот.

38 Поврзување

background image

4 За да го спарите Вашиот уред со кој било Bluetooth уред во опсег, одберете

Спарени уреди

>

Додај нов уред

.

5 Скролувајте до некој пронајден уред, и одберете

Додај

.

6 Согласете се со корисникот на другиот уред за лозинка (до 16 знаци) и внесете

ја лозинката на Вашиот уред. За да воспоставите конекција, внесете ја

лозинката на другиот уред, кога биде побарано.

Работењето на уредот во скриениот режим е безбеден начин да се избегне штетен

софтвер. Не прифаќајте Bluetooth поврзување од извори на кои не им верувате.

Како алтернатива, исклучете ја Bluetooth функцијата. Ова не влијае на другите

функции на уредот.
Поврзете го Вашиот уред на интернет

Можете да ја користите Bluetooth технологијата за да го поврзете Вашиот

компатибилен компјутер со интернет без Nokia Ovi Suite софтверот. Вашиот уред

мора да биде способен за поврзување со интернет (мрежна услуга) и Вашиот уред

мора ја поддржува Bluetooth технологијата.
1 Осигурете се дека Вашиот уред може да се поврзе на интернет.

2 Спарете го Вашиот уред со Вашиот компјутер користејќи Bluetooth

конективност. Вашиот уред автоматски отвора конекција за пакет податоци

кон интернет.