Nokia 6303i Classic - Прилагодувања за безбедност

background image

Прилагодувања за безбедност

Одберете

Мени

>

Прилагодувања

и

Безбедност

.

Кога се користат функциите за заштита што ги ограничуваат повиците (како што

се забрана за повик, затворена корисничка група, и фиксно бирање), можни се и

повиците до официјалниот итен број програмиран во Вашиот уред. Забраната за

повик и пренасочувањето на повик не можат да бидат активни во исто време.
Одберете од следново:
Барање на PIN код или Барање за UPIN код — Поставете го уредот да го бара

Вашиот PIN или UPIN код секогаш кога уредот ќе се вклучи. Некои SIM картички не

дозволуваат барањето на кодот да биде деактивирано.

Усл. за заб. на повик — Ограничете ги дојдовните повици до и појдовните повици

од Вашиот уред (мрежна услуга). Се бара лозинка за забрана.

Фиксно бирање — Ограничете ги Вашите појдовни повици до одбраните

телефонски броеви доколку е поддржано од Вашата SIM картичка. Кога е

активирано фиксното бирање, GPRS конекциите не се можни освен додека

испраќате текстуални пораки преку некоја GPRS конекција. Во овој случај,

телефонскиот број на примачот и бројот на центарот за пораки мора да бидат

вклучени во листата на фиксно бирање.

Затвор. корис. група — Дефинирајте група на луѓе на кои можете да им се јавите

и кои можат да ви се јавуваат Вам (мрежна услуга).

Ниво на безбедност — За да се бара безбедносниот код кога нова SIM картичка

ќе се вметне во уредот, одберете

Телефон

.

Пристапни кодови — Променете го безбедносниот код, PIN кодот, UPIN кодот,

PIN2 кодот, или лозинката за забрана.

Барање на PIN2 код — Поставете го уредот да го бара PIN2 кодот кога користите

специфична функција на уредот заштитена со PIN2 кодот. Некои SIM картички не

дозволуваат барањето на кодот да биде деактивирано. Оваа опција може да не е

Направете го Ваш уред 21

background image

достапна во зависност од Вашата SIM картичка. За детали, контактирајте со Вашиот

обезбедувач на услуги.

Код што се користи — Прикажете и одберете го типон на PIN код што ќе се

користи.

Сертиф. за авторитет или Серт. на корисници — Видете ја листата на авторитет

или кориснички сертификати достапни на Вашиот уред.

Безбедносен модул — Прикажете Детали за безб. мод., активирајте

Бара. за

модул PIN

, или променете го модуларниот PIN и PIN-от за потпис.