
GPS примач
Вашиот уред нема вграден GPS приемник. За да користите апликации кои
побаруваат GPS конекција, користете компатибилен надворешен GPS приемник
(додаток кој одделно се продава).
Користете надворешен GPS приемник
1 Наполнете го целосно Вашиот компатибилен GPS приемник, и вклучете го.
2 Прилагодете Bluetooth конекција помеѓу Вашиот уред и GPS приемникот.
3 Поставете го GPS приемникот во положба на непречен поглед кон небото.
4 Отворете ја апликацијата Мапи, и одберете го надворешниот GPS приемник.
По спарувањето на Вашиот уред со надворешниот GPS приемник, можно е да се
потребни неколку минути додека уредот да ја прикаже моментната локација.
Можете да користите GPS за поддршка на апликацијата Мапи. Пронајдете ја Вашата
локација или мерете координати на растојанија и земјишта.
Можете исто така да користите Мапи без GPS приемник за да пребарувате мапи,
барате адреси и локации, и планирате маршути.