Nokia 6303i Classic - Управување со дигитални права

background image

Управување со дигитални права
Сопствениците на содржини може да користат различни типови на технологија за управување со дигитални права (DRM)

за заштита на нивната интелектуална сопственост, вклучувајќи ги и авторските права. Овој уред користи различни

типови на DRM софтвер за пристап до содржини заштитени со DRM. Со овој уред можете да пристапите на содржина

заштитена со WMDRM 10, OMA DRM 1.0, OMA DRM 1.0 однапред заклучени и OMA DRM 2.0. Ако одреден DRM софтвер не

успее да ја заштити содржината, сопствениците на содржината може да побараат да биде повлечена таквата DRM

софтверска можност за пристап до новите DRM заштитени содржини. Повлекувањето исто така може да спречи обнова

на таквата DRM заштитена содржина која е веќе во вашиот уред. Повлекувањето на таквиот DRM софтвер не влијае на

употребата на содржина заштитена со други типови на DRM или употребата на содржина што не е заштитена со DRM.

Содржините заштитени со DRM доаѓаат придружени со лиценца што ги дефинира Вашите права за користење на

содржината.

Ако Вашиот уред има OMA DRM-заштитена содржина, за да направите резервна копија на лиценцата и на содржината,

користете ја функцијата за правење резервни копии на Nokia Ovi Suite.

Информации за производот и безбедноста 63

background image

Другите методи на префрлување може да не ја префрлуваат лиценцата која треба да се поврати со содржината за да

можете Вие да продолжите со користење на содржината заштитена со OMA DRM откако меморијата на уредот ќе биде

форматирана. Може исто така да треба да ја повратите лиценцата во случај датотеките на Вашиот уред да бидат

оштетени.

Ако Вашиот уред има содржина заштитена со WMDRM, и лиценцата и содржината ќе бидат изгубени ако меморијата на

уредот се форматира. Може исто така да ги загубите лиценцата и содржината ако датотеките на Вашиот уред бидат

оштетени. Губењето на лиценцата или на содржината може да ја ограничат Вашата можност за повторно користење на

истата содржина на Вашиот уред. За повеќе информации, контактирајте го Вашиот оператор.

Некои лиценци може да се поврзани со некоја специфична SIM картичка, и на заштитената содржина може да и се

пристапи само ако SIM картичката е вметната во уредот.