Nokia 6303i Classic - Кодови за пристап

background image

Кодови за пристап

За да прилагодувате како Вашиот уред да ги користи кодовите за пристап и

безбедносните прилагодувања, одберете

Мени

>

Прилагодувања

и

Безбедност

>

Пристапни кодови

.

Безбедносниот код Ви помага да го заштитите Вашиот уред од неовластено

користење. Претходно поставениот код е 12345. Можете да го промените кодот

и да го прилагодете уредот да го бара кодот. На некои операции им е потребен

безбедносен код без оглед на прилагодувањата, на пример, ако сакате да ги

повратите фабричките прилагодувања. Кодот чувајте го во тајност и на

безбедно место подалеку од Вашиот уред. Ако го заборавите кодот и Вашиот

уред е заклучен, на Вашиот уред ќе му биде потребен сервис. Може да се

применат додатни наплати и сите лични податоци во Вашиот уред може да

бидат избришани. За повеќе информации, контактирајте со некој Nokia Care

центар или со дилерот на Вашиот уред.

PIN кодот, доставен со SIM картичката, Ви помага да ја заштитите картичката

од неовластена употреба.

PIN2 кодот, доставен со некои SIM картички, е потребен за пристап до одредени

услуги.

PUK и PUK2 кодовите може да бидат доставени со SIM картичката. Ако го

внесете PIN кодот неточно три пати по ред, ќе Ви биде побаран PUK кодот. Ако

кодовите не Ви се доставени, контактирајте со Вашиот обезбедувач на услуги.

Лозинката за забрани е потребна кога ја користите услугата за забрана на

повици за да ги забраните повиците до и од Вашиот уред (мрежна услуга).

За да ги видите или промените прилагодувањата на безбедносниот модул за

пребарувачот, одберете

Мени

>

Прилагодувања

и

Безбедност

>

Безбедносен модул

.

12 Вклучување